Croatia osiguranje станува лидер на осигурителниот пазар во Босна, откако вчера ги потпиша договорите за купување на 100% удел во Central osiguranje d.d и Testing Grupa во Босна и Херцеговина, пишува SeeBIz.

Така, сега хрватскиот осигурителен гигант ќе има вкупно 13% удел на пазарот во БиХ, со потенцијал за понатамошен раст. За конечната реализација на купопродажните договори се чека само на одобренијата на надлежните регулаторни тела.

Во 2017 година, босанското Central osiguranje остварило 25 милиони евра осигурителна премија, со пазарен удел од 7%, додека Testing Grupa истата година ја заврши со остварена премија од 14 милиони евра и пазарен удел од 4%, како и со прогнози за раст во 2018. Testing Grupa  годишно реализира околу 113.000 технички прегледи, а 2017 година ја заклучи со приход од 6,1 милион евра и 16% застапеност на пазарот на технички пргледи на подрачјето на БиХ.

Со овие две аквизиции Croatia osiguranje Grupa само ја зајакна својата позиција на регионален лидер  и оствари уште поширока покриеност со продажни места. Купувањето на Testing Grupa, пак, значи  најголема мрежа на станици за технички преглед, со што и во овој дел се искачува на највисоката позиција.

Фото: Facebook