Фото: Pexels

Можеби од секогаш сте имале карактеристики на претприемач, но не сте биле свесни за тоа. Дали е конечно време да станете сам свој шеф?

Доколку се препознаете во следните неколку карактеристики одговорот е потврден.

Вие сте иницијаторот

Не ви треба никој да ве насочи и да ви каже што и како треба да правите. Вие самите си го трасирате сопствениот пат и не дозволувате никој да ви попречи во тоа. Иницијатор сте за многу работи и од секогаш сте биле такви.

Неуспехот ве мотивира

Една загубена битка не значи крај. Неуспехот не ве забавува, напротив тој ве мотивира да бидете подобра варијанта од себе си следниот пат. Не се оправдувате никому, не се жалите… едноставно земате сила и пробувате повторно.

Ве води страста

Имате желба за тоа што го работите. Едноставно сакате проектот да биде навреме завршен и давате сè од себе да биде онака како што треба, па дури и подобро. Не ве спречува ни главоболката, ниту непреспиената ноќ. Вас ве води страста да успеете.

Трпеливи сте

Добро знаете дека се потребни и години да се застане на цврсти нозе, а понекогаш дури и децении за остварување на профит. Затоа не брзате, трпеливи сте, а успехот доаѓа кај оние што умеат да чекаат.

Комуницирате одлично со колегите и клиентите

Премногу се вложувате за работата и токму затоа одлично комуницирате со тимот. На работното место сте исполнителни и продуктивни, но истото не важи и за приватниот живот. Вашата прва љубов е професијата и токму затоа понекогаш врските со блиските луѓе стануваат сè послаби.

Никогаш не сте задоволни, сакате повеќе

Победите се случуваат, но кратко траат. Затоа, постојано сте во потрага по нешто ново и не сте личност што лесно се задоволува. Иако веќе сте успеале на едно поле, вие планирате што следно ќе направите за да бидете уште поуспешни.