Постојат неколку знаци што покажуват дека во вас “лежи“ претприемач кој има талент за успешен бизнис. Доколку се уште не сте сигурни дали ќе умеете да пловите во претприемачките води следниве неколку показатели ќе ви докажат дека сте родени токму за тоа.

Имате потреба за движење

Вас едноставно не ве “држи“ место. Седењето и празните разговори не се тоа што ве привлекува. Постојано чувствувате потреба да се движите, да бидете некаде, да остварувате средби. Барате предизвици и нови авантури.

Постојано имате нови идеи

На секој проблем приоѓате со креативно решение, сакате да смислувате нови работи и имате идеи што вредат да се реализираат.

Не се плашите од напорна работа

Напорната работа воопшто не ве плаши. Кога имате страст за нешто, давате се од себе. Претставувате пример за другите, а со тоа добивате и дополнителна инспирација.

Водите

Со својата амбиција и креативност ги водите другите и поставувате пример за како нештата треба да бидат направени. Вие сте тие што иницирате, без разлика дали се работи за обичен состанок или решавање на некој проблем.

Поставувате рокови

Умеете да поставите рокови, но што е уште поважно и да ги испочитувате истите. Вам нема потреба некој да ви каже до кога треба да се заврши одредена работа. Имате одлична самодисциплина.

Добро раководите со парите

Не трошите кога нема потреба и знаете каде точно треба да вложите. Одлично ги проценувате шансите за добивка, а токму тоа е многу важно во бизнисот.