Дражавниот завод за статистика ги објави информациите за деловните тенденции во преработувачката индустрија за мај 2018 година.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2018 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на април 2018 година и изнесува 19,5, а во однос на мај 2017 година е зголемен за 3,0 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2018, е поповолна во однос претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци. Залихите на готовите производи сe намалени во однос на април 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2018 година е поповолна и во однос на претходниот месец, и во однос на мај минатата година, па оттука се очекува да порасне и бројот на вработените.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2018 година изнесува 67,4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила (23,0 %), недоволната домашна побарувачка (18,7 %), недоволната странска побарувачка (18,4 %) и финансиските проблеми (10,1 %).