По огромниот успех на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон и рекордниот број на пријавени учесници за стартната цел, денес од Сојузот на спортови на Скопје го најавија следниот тркачки предизвик. Трката која минатата година ги забележа своите почетоци, годинава ја продолжува приказна низ скопските улици.

Денес, во 12.00 часот се отвори пријавувањето за Скопје трча 10 КМ . За оние кои ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите 2 дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, и тоа 10 – километарската трка и штафетната трка од 2х5км, кои започнуваат од 09.00 часот, а истите ќе се одржат во недела, 07 октомври 2018 година, повторно на булеварот Илинден.

Главен покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт на Република Македонија, а како покровител оваа година се приклучува и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб Работнички. Самите организатори ја започнаа оваа приказна минатата година и исто како и Виз Ер скопски маратон, работат кон тоа трката да стане традиционална со цел да се негува спортскиот начин на живеење преку целата година.

За повеќе информации околу приказната на Скопје трча 10КМ може да се посетат официјалната Фејсбук фан страна и веб страна на: http://www.skopje.run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и на www.smartrace.club.