Фото: Pixabay

Кои технолошки компании вложија најмногу во изминативе неколку години и каде? Во продолжение погледнете ја листата на десетте најскапи аквизиции во индустријата, објавена на Hongkiat.

10. Facebook / Instagram – една милијарда долари

Социјалната мрежа ја купи платформата за споделување на фотографии во април 2012 година за една милијарда долари. Успехот на Instagram под “капата“ на Facebook стана уште поголем.

9. Yahoo!/ Tumblr – 1,1 милијарда долари

Во 2012 година, Мариса Маер се приклучи на Yahoo и ги купи стартапите Rockmelt, Aviate, но сепак најголема сума одвои за Tumblr.

8. Dell / Quest Software – 2,4 милијарди долари

Американската корпорација Dell ја купи софтверската фирма за 2,4 милијарди долари со цел да го подобри сопствениот бизнис со софтвер.

7. Google / Nest Labs – 3,2 милијарди долари

Најголемиот онлајн пребарувач ја купи компанијата Nest Labs за 3,2 милијарди долари. Nest произведува паметни апарати за домаќинството како термостати, детектори на чад и безбедносни системи.

6. Microsoft / Nokia – 7,2 милијарди долари

Некогашниот најголем производител на мобилни телефони Nokia во 2013 година стана сопственост на Microsoft. Компанијата на Бил Гејтс и Пол Ален за оваа зделка одвои 7,2 милијарди долари.

5. Oracle / Sun Microsystems – 7,4 милијарди долари

Третиот најголем производител на софтвер Oracle во 2010 година ја купи компанијата Sun Microsystems, којашто меѓу другото е креатор на програмскиот јазик Java, оперативниот систем на Solaris, ZFS и SPARC.

4. Microsoft / Skype – 8,5 милијарди долари

Уште една аквизиција на Microsoft на листата. Во 2011 година технолошкиот гигант го купи Skype за 8,5 милијарди долари, а за него истовремено беа заинтересирани Google и Facebook.

3. HP / Autonomy – 10,3 милијарди долари

Во 2011 година Hewlett-Packard (HP) одвои 10,3 милијарди долари за да ја купи мултинационалната британска компанија Autonomy.

2. Google / Motorola Mobility – 12,5 милијарди долари

Пред седум години Google направи уште една голема аквизиција, овој пат со Motorola Mobility, амерканската компанија за електроника и телекомуникации. Зделката чинеше 12,5 милијарди долари.

1. Facebook / WhatsApp – 19 милијарди долари

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг во 2014 година одвои 19 милијарди долари за да стане сопственик на WhatsApp, платформа за онлајн пораки, видео повици, фотографии и документи.