Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви на крајот на октомври изнесуваа 2.759.400.000 евра што претставува зголемување од 50,3 милиони евра во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

На крајот на октомври, вкупните девизни резерви беа на ниво од 2,3 милијарди евра.

Хартиите од вредност, што се најголем дел од вкупните резерви, заклучно со 31-ви октомври имаа салдо од 2.116.000.000 евра, односно 59,2 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на октомври лани хартиите од вредност изнесуваа 1.801.200.000 евра.

Валутите и депозитите на крајот на минатиот месец имаа вредност од 402.400.000 евра или 98,7 милиони евра повеќе во однос на септември 2017 година, а на крајот на октомври 2017 година изнесуваа 252.500.000 евра.

Монетарното злато со коешто располага државата во октомври изнесува 237.200.000 евра, додека еден месец претходно имаше вредност од 10,7 евра повеќе (226.500.000 евра).