Фото: Starck 

Францускиот дизајнер Филип Старк создаде уред за носење на рака со вграден GPS, наменет за оние кои практикуваат спортови на вода. Dial е направен од водоотпорен силикон има функција да алармира доколку корисникот се најде во опасност, пишува Dezeen.

Старк доби задача од Société Nationale de Sauvetage en Mer (SNSM), француска волонтерска организација за спасување, да изработи направа што ќе го олесни и забрза процесот на спасување при несреќи во вода.

Корисникот ако се најде во опасност треба само да го притисне горниот рамен дел на уредот и тој автоматски испраќа координати со точната локација. Dial може да се користи и за лоцирање на деца на плажа, особено кога има премногу луѓе.

Дизајнот е ергономски, односно се приспособува на раката од корисникот, а доаѓа во портокалова боја.