Од наредната седмица стартуваат првите летови на нововоспоставените директни линии на релација Охрид – Малме и Охрид – Милано, што ќе ги реализира нискобуџетната авиокомпанија Wizzair, пренесува Миа.

В понеделник на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе слета првиот авион од Малме, додека ден подоцна во вторник ќе биде воспоставена и директната авионска врска на Охрид со Милано.

Предвидено е летовите на двете линии за време на летната туристичка сезона да се реализираат двапати седмично и тоа до 13-ти септември летовите од охридскиот аеродром до Малме се во понеделник и петок, а од 18-ти септември во среда и недела, додека летовите за Милано до 30-ти март ќе бидат во вторник и сабота, а од први април во понеделник и петок.

Согласно договорот потпишан меѓу Владата и Wizzair, авиокомпанијата е обврзана од јули да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.