Четири здравствени установи во земјава добија донација одмедицински апарати од Жито Лукс. На детските оддели во Општата болница – Охрид, Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје, се доставени апаратите за лекување на белодробни заболувања кај децата.

Преку кампањата “Подарено од срце“со секој купен леб на парчиња од Жито Лукс се одвојуваа средства наменети за набавка на медицинската опрема којашто ќе помогне за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми.

Евидентно е дека од година во година расте бројот на деца со респираторни проблеми. Поради зголемениот број пациенти, здравствените домови кои лекуваат деца со белодробни заболувања се соочуваат со недостиг на медицинска опрема неопходна за навремен и правилен третман.

“Во овој дел бизнис секторот може да одигра значајна улога и затоа, нашата компаниска општествена одговорност ja насочивме кон подобрување на условите за работа на здравствени установи коишто ги лекуваат токму овие заболувања кај децата“, вели Славица Кутаноска, од маркетинг секторот во Жито Лукс.

Жито Лукс минатата година донираше опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а врзано за респираторни проблемии тоа за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.