Неколку инспиративни мисли за крајот на работната недела.

Луѓето ќе го заборават тоа што сте го кажале, тоа што сте го направиле, но никогаш тоа што го почувствувале благодарение на вас.

Ако се фокусирате на она што животот ви го дал секогаш ќе имате повеќе, а ако размислувате за тоа што го немате секогаш нешто ќе ви недостасува.

Не можe да го смените правецот на ветрот, но можете да ги прилагодите едрата и да стигнете до посакуваната дестинација.

Многумина не можат да ги живеат своите соништа, затоа што ги живеат своите стравови.

Кога ќе остарете ќе бидете поразочарани за работите што не сте ги направиле,отколку за тие што не сте сакале да ги направите.

Луѓето најчесто се откажуваат од својата моќ, мислејќи дека воопшто ја немаат.

Вистинската шанса за успех “лежи“ во човекот, не во работата.

Работете на остварување на вашите соништа, во спротивно некој друг ќе ве најми за да ги остварите неговите.

Знаењето не е доволно, тоа треба да се примени. Истото важи и за желбата, таа не е ништо ако не се оствари.

Она што ќе го постигнеме внатре може да ја промени надворешната реалност.

Фото: Pixabay