Фото: Rega

Швајцарската организација за спасување, Rega развива беспилотно летало што може самостојно да бара и да пронаоѓа исчезнати луѓе, пишува New Atlas.

Дронот е опремен со сензори, камери и алатка за следење, со коишто може да скенира големи површини и недостапни терени. Исто така, може да функционира и кога има слаба видливост и во услови во коишто не можат да спасуваат хеликоптери од воздух.

Беспилотното летало има три лопатки со дијаметар од над два метра, а може да лета на надморска висина од 80 до 100 метри. Опремен е со систем што не му дозволува да се судира со далеководи и други летала во висина.