Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2018 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на јули 2018 година и изнесува 20.3, а во однос на  август 2017 година е зголемен за 2,1 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2018 во однос на јули 2018 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јули 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на август 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2018 година изнесува 68 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23,3 %, недоволната домашна побарувачка со 17,2 %, недоволната странска побарувачка со 17,1 % и неизвесното економско опкружување со 11,1 %.