Индексот на цените во земјоделството во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 9,0 %, а кај аутпутот е зголемен за 4,6 %, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 109.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Во делот аутпут, во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 104.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.1.