Фото: Pexels

Во март 2018 година увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се пониски за 0,4 % на месечно ниво и повисоки за 3,9 % на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.

Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.