Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,68 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности – 4,25%, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,20 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,91 %.Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,15%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.929, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.