Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 169.098.440 илјади денари (2,7 милиони евра) што претставува зголемување од 13,4 % во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока за истиот период изнесува 225.660.248 илјади денари (3,67 милиони евра), што е за 10,8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 56.561.808 илјади денари (919.332 евра), додека, пак, покриеноста на увозот со извоз изнесува 74,9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично,  деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, во периодот јануари-јуни 2018 година, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Фото: Pexels