Во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 21,7 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 3,3 %, во воздухопловниот превоз е зголемен за 21,3 %, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е зголемен за 29,4 %.

Како што стои во соопштението на Државниот завод за статистика, во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11,0 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 5,9 %, во железничкиот превоз за 7,0 %, додека во
воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 6,7 %.

Во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,0 %, во железничкиот превоз за 40,6 %, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 10,3 %.

Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 31,6 %, во железничкиот превоз е намалено за 1,4 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 15,5 %.