Фото: Pixabay

Државниот завод за статистика ги објави компаративните податоци за демографијата на претпријатијата за 2016 година. Според податоците, во 2016 година во Р. Македонија се регистрирани 7.132 новосоздадени претпријатија, што претставува пораст од 3,7% во однос на годината претходно.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од новосоздадените претпријатија (28,4 %) се во секторот Трговија на големо и мало, па следат, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Преработувачка индустрија (12,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со (10,5 %) итн.

Што се однесува до структурата на новосоздадените претпријатија, според правната форма, најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (68,8 %).

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2016 година згаснале 9,7 %, односно 6.648 претпријатија. Најголемиот дел од згаснатите претпријатија (35,7 %) се во секторот Трговија на големо и мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли, додека според правната форма, најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Дури 37,1% од новосоздадени претпријатија во 2011 година сѐ уште биле активни во 2016 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија што им припаѓаат на секторите Дејности на здравствена и социјална заштита (71,6 %), како и Финансиски дејности и дејности на осигурување (66,7 %).