Фото: Pexels

Расте бројот на туристите и остварените ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53.836, а бројот на ноќевањата изнесува 108 638. Изразено во проценти, бројот на туристите во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 25,1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18,7 %.

Бројот на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 18,5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 28,4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 3,6 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28,5 %.

Во периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 17,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,1 %, а кај странските има зголемување за 21,5 %.

Во периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17,7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12,5 %, а кај странските има зголемување за 21,4.%.