Државниот завод за статистика ги објави резултатите од анкетата за работна сила за првото тромесечје од 2018 година.

Според податоците од ивештајот активното население во Република Македонија изнесува 956.640 лица, од кои вработени се 749.892, а 206.748 лица се невработени.

Врз основа на добиените резултати, стапката на активност во овој период е 56,9, стапката на вработеност 44,6, додека стапката на невработеност изнесува 21,6.

Фото: Pixabay