swabian-alb-1464769_960_720Фото: Pixabay

Изминатата година биле регистрирани помалку земјоделски површини во споредба со 2016 година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2017 година, во споредба со 2016, земјоделските површини се намалени за 0,1%. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај овоштарниците за 2,5%, кај лозјата за 0,4% и кај ливадите за 0,8%.

Намалување е забележано кај ораниците и бавчите и кај пасиштата за 0,2%. Во 2017 година, во споредба со 2016, производството бележи намалување кај сите посеви и овошје наведени во соопштението.