Старт – ап од Ново Мексико изработи приколка, користејќи ултра лесен материјал – пердуви од кокошка. Проколката е дизајнирана истовремено да има минимална тежина врз моторот, но и да биде издржлива.

Earth Traveler T250LX тежи 135 килограми и може да се постави и на електрични возила, пишува Designboom.

Собира четворица патници и може да функционира и како шатор што се приспособува според потребите на корисниците.

Според основачот на стартапот, Енјџел Ирланд, материјалот од пердуви, којшто обезбедува изолација и заштита од временските прилики, е силен како карбонски влакна кога ќе се помеша со смола.

Корисниците можат да додадат дополнителни шатори со цел да го зголемат просторот за престој. Освен тоа, можат да се додадат и кујнски елементи и UV натстрешници.

T250LX чини 10.000 долари.

Фото: Earth Traveler