Фото: Kickstarter

EEEARS е силиконска чепкалка за уши, безбедна за користење, еколошка и наменета за долготрајна употреба.

Пластичните чепкалки за уши од 2020 година ќе бидат забранети за продажба во Франција, а истото се ппланира и во Велика Британија, па така оваа алтернатива е решение за штетната пластика.

Чепкалката благодарение на својата спирална форма, ги чисти ушите на правилен начин, остранувајќи ја само нечистотијата, а оставајќи го заштитниот слој.

EEEARS лесно се мие под млаз вода и моментално достапен во три бои и тоа: бела, темно сина и светло зелена.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Париз, Франција и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 5.009 долари од потребните 17.611 долари, а кампањата трае уште 25 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври 2018 година