Што е потребно за луѓето да ве ценат, почитуваат и сакаат? Едноставно бидете она што сакате да го добиете.

Почитувајте ги другите

За да се заслужи почит, треба да даде почит. Без разлика кој каде се наоѓа на корпоративната скала, почитувајте ги сите подеднакво.

Одржувајте ги ветувањата

Довербата ќе се разниша ако не си стоите на зборот. Нека биде речено-сторено.

Делата пред зборовите

Фалбите прават контра ефект. Повеќе делувајте, помалку зборувајте.

Помагајте

Бидете несебични со давањето помош, но сепак не дозволувајте некој да ја “премине границата“

Барајте помош кога ви треба

Нема ништо лошо во тоа да побарате помош кога ќе затреба. Сепак не сте семоќни.

Кажете го тоа што го мислите

Бидете искрени и директни. Можеби нема да наидете на согласност, но почитта ќе биде неминовна.

Признајте си ги грешките

Не се обидувајте да обвините некој друг или да ја прикриете грешката. Застанете зад стореното.

Слушајте ги соговорниците

Добрите слушатели се омилени кај сите. Слушајте ги луѓето со внимание.

Давајте заслуги каде што треба

Оставете го егото настрана. Бидете човек што вели НИЕ, наместо ЈАС.