Фото: Pexels

Почнувајќи од 28-ми февруари, Facebook ќе воведе опција со којашто корисниците на социјалната мрежа ќе можат да видат кој ги презел нивните податоци со цел да се прикажуваат таргетирани реклами.

Компанијата и претходно покажуваше која компанија го користи инфото на корисниците, но со новата опција ќе може да се дознае дали податоците биле земени директно од продавачот или бил искористен некој друг извор за таа намена.

Кога корисникот ќе посака да ја тргне рекламата, преку опцијата “why am I seeing this ad?“, ќе може да дознае кој е вистинскиот “виновник“ што му се појавуваат таргетирани реклами, пишува Tech Crunch.

Ова нема целосно да ги елиминира шансите за преземање на податоци, но во голема мера ќе објасни како огласувачите ги преземаат податоците на корисниците и ќе даде подобра можност за заштита на приватноста.