Ferrari е најпрофитабилниот произведувач на автомобили во индустријата за последните шест месеци, се вели во истражувањето на германскиот економски професор Фердинанд Дуденхофер, а пренесува порталот Motoring.

Познатиот италијански бренд во првите шест месеци од годинава заработил по 69.000 евра на секој поединечен автомобил што го продал.

На второ место е Porsche којшто “кешира“ околу 17.000 евра, а потоа следи германската премиум постава Mercedes-Benz, Audi и BMW коишто зааботуваат во просек по 9.000 евра од секое продадено возило.

Според истражувањето најголем губитник е Bentley кој наместо да “прави“ пари, со секое продадено возило е во минус по 17.000 евра, но од компанијата се правдаат дека причината за тоа се големите инвестиции во електричаната технологија. Во слична позиција е и Tesla со по -11.000 евра на секој автомобил, додека,  Rolls-Royce и Lamborghini не ги откриле своите финансиски резултати.

Фото: Pixabay