Firewalla е едноставна, но моќна безбедносна алатка што се поврзува за рутер и ги штити уредите од сајбер напади. Преку мобилна апликација го информира корисникот доколку некој се обидува да пристапи до неговите лични податоци, овозможува контрола над тоа што децата пребаруваат оналјн и ги блокира несаканите реклами.

Благодарение на вградениот VPN сервер, Firewalla ќе може да го заштити коринсикот од сајбер напади дури и кога патува. Тимот од Сан Хозе, САД минатата година го престави Firewalla Red на платформата Kickstarter и Indiegogo, а годинава ја лансираше сината подобрена верзија.

Firewalla Blue е одлично решение за семејства и бизниси на коишто им треба дополнителна онлајн заштита и има доволно моќ да ги заштити и најкомплексните уреди.

Местењето е едноставно. Алатката се поврзува прво за рутерот, потоа се инсталира апликацијата на смартфон и се скенира бар кодот.

Производот има своја кампања на платформата Indiegogo каде досега има собрано 45.420 долари, а првично тимот побарал 30.000 долари.

Кампањата трае уште еден месец, а првите испораки се очекуваат да бидат во февруари 2019 година.