FOCI е уред што се закачува на фармерките и ја мери концентрацијата на корисникот, стресот и конгнитивните функции на мозкот.

При опаѓање на концентрацијата, уредот веднаш вибрира и испраќа нотификација преку апликацијата која е дизајнирана за него. Обично луѓето губат концетрација на секои 3 минути, односно, вкупно 31 ден во годината.

Овој личен тренер за мозокот анализира и собира податоци, па сигнализира кога е најдобро време мозокот да се одмори и помага корисникот да остане фокусиран..

Производот е дело на старт-ап со седиште во Кембриџ, Обединетото Кралство и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 27.565 долари од потребните 13.424 долари.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.

Фото: Kickstarter