Архитектонската фирма Yuji Yamazaki Architecture (YYA) од Њујорк стои зад импресивниот дизајн на Kudadoo ресорт на Малдивите што целосно се напојува со сончева енергија.

Зданието има фотоволтаичен покрив којшто придонесува за максимално искористување на сончевите зраци. Освен тоа, самата геометрија на градбата е креирана да “произведува“ енергија од сонцето и со тоа да ја сведе на минимум потребата од вештачка светлина во текот на денот.

Фотоволтаичниот покрив има максимална моќност од 320 kW, а за изградба на ресортот користено е квалитетно дрво од шуми во Канада, Нов Зеланд и Индонезија.

Половина од приватните вили се дизајнирани да добиваат барем пет часа сенка во текот на денот, секоја од нив вклучува отворен систем со спална, дневна, бања, базен, а гостите имаат на располагање и ресторан, бар и вински подрум.

Цената за една ноќ, за двајца, изнесува 4.000 долари.

Фото: Yuji Yamazaki Architecture