На 8 Јуни во хотел Солун се одржа вториот од серијата настани планирани за годината во која EOS ја слави својата 15-годишнина од постоењето во Македонија. Темата на настанот беше Поблиску до кориниците, а гостите имаа можност да разменат искуства и размислувања преку две панел дискусии.

Гости на настанот беа банкари, професионалци од Телеком и осигурителни компании, како и компании соработници на ЕОЅ Матрих.

На првата дискусија, насловена како Колку корисниците ги знаат своите права и обврски?, панелисти беа: Нина Неданоска – член на управниот одбор на Охридска Банка АД Скопје, Игор Кузевски – генерален секретар на ДЗЛП и Тони Трајанов –  главен извршен директор на МКБ.

Во однос на прашањето за тоа колку корисниците го познаваат Законот за заштита на лични податоци, новата регулатива за Заштита на лични податоци на ЕУ, должничко доверителскиот однос и договорните обврски, се отвори интересна дискусија на која панелистите се согласија дека потребно е да се создадат услови за поголема едукација и информирање на граѓаните.

Втората панел-дискусија беше насловена како: Однесувањето на корисниците во должничко – доверителските односи, а гостите зборуваа за искуствата со банките во кои работат.

Панелисти на ова дискусија беа: Емилија Стојанова Ивановска, директор на секторот за кредитен ризик за банкарство на мало во Стопанска Банка АД Скопје, Марина Јермилова, раководител на oдделот за  управување со лоши пласмани и преземени средства во ТТК Банка АД Скопје, Златица Трпеска Цивкароски, директор на секторот за наплата и управување со колатерали во Шпаркасе Банка АД Скопје, како и Никола Џамбазовски, директор на дирекцијата за управување со проблематични кредити во Комерцијална банка АД Скопје. Дискутантите разменија искуства во однос на помладата популација и нивното однесување кон должничко доверителските односи, споредено со повозрасните, како и однесувањето на корисниците при доцнење со подмирување на обврските.

На самиот крај од настанот ЕОЅ даде свое видување за потребата од вложување на дополнителни напори заедно со институциите, чии претставаници исто така ги имаше на настанот, како и за едукација и информирање на корисниците во однос на прашањата за должничко доверителските односи.