Во пријатна атмосфера со добра музика и пиво, под топлото зајдисонце и свежиот воздух, во комплексот Ветрило, Сопиште се оддржа првиот настан Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се!

Присутните имаа единствена можност да се дружат, да го промовираат својот бизнис, своите производи, да бидат дел од една визија за соработка што заедно ја започнаа CEED Македонија и Intersoft.

Членовите на CEED бизнис клубот ја опремија куќата на Intersoft која што широко ги отвори вратите за соработка.

Свои производи во наместената куќа промовираа:

  • Алекс Дизајн – мебел,
  • Медикус Хелп – ортопедски помагала,
  • Рефан – освежувачи за простории, парфеми,
  • Лекс Електрик – осветлување
  • МаМаОргана – органски производи,
  • Симпекс – механизација за земјоделство и градинарство,
  • Стара фурна – фурнаџиски производи, 
  • Прилепска пиварница, Рептил маркети,
  • Постолови -шпедиција,
  • Дино Сајт Ефект – диџеј опрема
  • Приматекс

Визионерите на идните бизнис соработки се надеваат дека овој настан  ќе прерасне во традиција.

Настанот во комплексот Ветрило е повик за секој што сака да се вклучи во оваа успешна приказна, да го промовира своето работење на еден оригинален начин со цел за понатамошна соработка.

CEED Македонија се заблагодарува на Intersoft, на сите учесници на настанот, гости и соработници и во иднина очекува преку членство во CEED бизнис клубот што поголем број да бидат дел од оваа нова визија за соработка на компаниите членки на CEED Македонија.