Ју Ли, млада дизајнерка која неодамна дипломираше на британскиот Кралски колеџ за уметност ја претстави своја дипломска работа “кујна во кутија“ – целосно функционална кујна спакувана во еден пакет за флексибилно готвење и без потреба од дополнителен простор, пишува Inhabitat.

Целиот комплет е со големина на тостер, но се претвара во функционална кујна којашто содржи сè што е потребно на едно лице што живее во микро-стан или мал дом. Така “спакуваната кујна“ има прекривка за маса, две тави специјализирани за индукциска плоча, која исто така е вклучена во комплетот, даска за сечење, прибор за готвење и еден сет чинии и прибор.

По вечерата делот што ги содржи чиниите  се претвара во решетка за сушење садови. Помеѓу оброците сè се собира во една кутија, која може и да се транспортира.

Овој концептуален дизајн на кујна е наменет пред сè за студенти, или млади луѓе кои сакаат да живеат во мали урбани станови, односно намената е за новите милениумци. Идејата е да се намали оригиналниот кујнски простор на само неколку минимални неопходни елементи.

Инаку овој дизајн беше еден од неколкуте изложни за време на Изложбата за студенти од 2018 година, а со оглед на тоа дека привлече многу внимание, повеќе од јасно е дека ќе “оди“ на пазарот. Сепак, производителот и дистрибутерот допрва треба да бидат објавени, како и цената.

Фото: Royal College of Art