Fuzl е дрвена гарнитура која се склупува без алат, и може да се монтира за неколку минути.

Колекцијата на Fuzl има повеќе парчиња гарнитура коишто се направени од дрво и се склопуваат на таков начин, што се претвараат во стол, маса, дури и клуб масичка која, пак, може да се расклопи и во работна маса со опција и за прилагодување на висината.

Секое парче од оваа гарнитура се монтира со метални држачи кои ја држат гарнитурата стабилна и функционална, а бидејќи секое парче лесно се склопува и расклопува, тие се лесни за преместување.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Лондон, Велика Британија и има своја кампања на платофрмата Kickstarter. Досега има собрано 11.963 долари  од потребните 11.338, а кампањата трае уште 11 дена. 

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава. 

Фото: Kickstarter