Јапонската компанија MUJI и Sensible4 од Финска, производител на автономни возила, го претставија автобусот Gacha во Хелсинки. Возилото е опишано како автономен автобус којшто може да сообраќа на секакви временски услови, пишува Designboom.

Ѕensible 4 е одговорен за технологијата на 4,5 метарското возило вклучувајќи позиционирање, навигација и детекција на пречки, додека MUJI стои зад дизајнот, функционалната естетика и корисничкото искуство.

Gacha собира 16 патници, од кои 10 можат да седат и достигнува брзина од 40 километри на час. Тимот планира возилото да започне да сообраќа во април, најпрво во градовите во Финска, а долгорочниот план е автобусот да стане дел од транспортот и во другите светски метрополи.

Фото: Sensible4