Фото: Pixabay

Пиварниците не смеат да го рекламираат пивото како производ кој е добар за здравјето, одлучи германскиот Висок суд во Карлсруе, пишува Reuters. Според правилниците на ЕУ алкохолните пијалоци не смеат да се рекламираат на начин кој би можел да сугерира дека допринесуваат за здравјето, се вели во пресудата на германскиот суд.

На тој начин германската пиварница Haerle изгуби и на последната инстанца, откако веќе два суда пресудија дека употребата на терминот “bekoemmlich” не смее да се употребува во рекламирањето.

“Bekoemmlich” во германскиот речник се дефинира како “лесно сварлив”, но може дасе преведе и како благотворен. Пониските судови веќе утврдија овој поим поголемот дел од потрошувачите го разбираат како здрав, а таквото рекламирање на алкохолот не е дозволено.

Во меѓувреме, продажбата на пиво во Германија која е најголемиот потрошувач на пиво во светот и позната по својот фестивал на пивото, Октобарфест, опадна за 17% што е прв пат после 1993 година. Сепак пиварниците се надеваат дека престојното светско првенство во фудбал, повторно ќе ги врати бројките на старо.

Европскиот суд во 2012 година забрани виното да се рекламира како “здраво”.