Фото: Pixabay

Според најновиот извештај на United Nations World Tourism Organization (UNWTO), 2018 година беше добра за туризмот на глобално ниво со 1,4 милијарди остварени посети на разни дестинации, пренесува RT.

Организацијата не ја очекувала оваа бројка сè до 2020 година, но добрите резултати според нив се должат на силниот економски раст, олеснувањето на визниот режим и достапноста на летовите.

Туризмот на Блискиот исток и Африка порасна над глобалниот просек од 6% и моментално истиот на Блискиот исток е зголемен за 10%, додека во Африка 7%. Азија и Пацификот како и туризмот во Европа бележи раст од 6%.

Податоците покажаа, исто така, пораст и на туризмот во Северна и Јужна Америка за 3%. Агенцијата за оваа година предвидува раст од 3 до 4% на оваа индустрија на глобално ниво.