Glowstone е светилка што може да се користи за различни намени, во гаража, на велосипед, на кампување и секогаш кога треба дополнително светло. Со помош на прицврстувачи може да се постави било каде.

Кога е на максимум нејзината светлина е со јачина од 900 лумени или речиси колку едно предно светло на автомобил. Нејзините димензии се 68 x 51 x 13 милиметри, а изработена е од ултра цврст силикон.

Отпорна е на кршење и на притисок, а може да се користи 30 метри под вода. Батеријата кога се користи на минимум трае до 32 часа, а со максимум јачина еден час.

Glowstone има девет модули на светење, три јачини, тежи 75 грама или половина тежина од малечок смартфон. Веќе има собрано повеќе од потребно на платформата Kickstarter и првите испораки се очекуваат во март 2019.

Фото: Glowstone