Фото: Facebook

На годишната конференција на Google, извршниот директор на компанијата Сундар Пичај го претстави Google Duplex – асистент со вештачка интелегенција што е во состојба да обавува телефонски разговори наместо луѓето, пишува Business Insider.

Оваа технологија е така дизајнирана, што остварува телефонски повици наместо корисникот, и е наменета за завршување на одредени задачи, како на пример, закажување состанок и слично. Демонстрацијата на Google Duplex покажа дека софтверот ги води разговорите толку природно и нормално, што луѓето од другата страна на линијата воопшто не забележуваат дека всушност разговараат со машина.

Овој момент впрочем покрена и одредени критики од етичка природа, но како што пренесува Business Insider во Google се потполно свесни за етичката димензија на софтверот и заради тоа внимателно и одговорно ги преземаат сите чекори во таа насока.

Веќе во следните неколку недели се очекува  Google Duplex да почне да се појавува како “експеримент” кај одредени корисници.