Google ќе биде казнет со рекордни 4,3 милијарди евра за оперативниот систем Android, објави BBC.

Акцијата на Европската комисија следеше после тригодишната истрага во врска со тврдењата дека стратегијата за мобилни уреди на фирмата неправедно ја зајакна сопствената доминација во пребарувањето.

Казната треба да биде потврдена на прес-конференција во Брисел и ќе биде највисоката што некогаш ја наметнал еден регулаторот против една фирма.

Иако Google може лесно да си ја дозволи паричната казна, бидејќи неговите парични резерви на крајот на март изнесуваа скоро 103 милијарди долари, сепак, многу е веројатно дека компанијата ќе одлучи да ја оспори пресудата.

Европската комисија во април 2015 година започна да го испитува оперативниот систем Android по жалбата на Fairsearch – трговска група која првично ги вклучуваше Microsoft, Nokia и Oracle.

Во тој момент, Android имал 64% удел на пазарот на мобилни телефони во Европа, кои подоцна се зголемиле на 74%, според истражувачката фирма Statcounter. ЕК подоцна го обвини Google по три наводи за антиконкурентно однесување, какви што се барањето на Google од производителите на мобилни телефони и таблети со Android оперативен систем да го постават својот пребарувач како стандарден и да го инсталираат прелистувачот Chrome, пред да им дозволат на корисниците понуда со пристап до продавницата за апликации на Play.

Потоа, спречувањето производителите да продаваат мобилни уреди кои имаат ривалски оперативни системи, како и давањето на финансиски стимулации на производителите на уреди и мобилните мрежи за да обезбедат сопствена услуга за пребарување како единствена однапред инсталирана опција.

Google веќе има направено отстапки во Русија, каде што локалниот регулатор за конкуренција поднесе слични жалби. Таму, корисниците на Android сега имаат избор помеѓу Google, Yandex и Mail.ru како стандарден пребарувач кога за прв пат кога го користат прелистувачот Chrome.

Инаку, Европската комисија може да го казни Google максимално до 10% од својот годишен приход, што  врз основа на последниот годишен извештај, тоа би изнесувало околу 11,1 милијарди долари.