Сопственици на моделите OG Pixel и Pixel XL од Google, лани покренаа тужба против компанијата за продавање на телефони со дефектни микрофони и покрај нивно знаење. Технолошкиот гигант сега се согласи да ги исплати клиентите, а сумите ќе достигнат и до 500 долари. Жалбата беше покрената поради престанокот на работа на микрофоните, по кратко време од купувањето на OG Pixel и Pixel XL.

На оние купувачи коишто два пати пријавиле проблем ќе им биде исплатена сума од 500 долари, а тие што имале проблем само еднаш ќе добијат по 350 долари.

За да може да ги исплати клиентите, Google одвои 7,25 милиони долари, пишува Engadget.

Сепак, за да можат да се квалификуваат за исплата, корисниците треба да исполнат некои услови, нивните телефони не треба да се произведени по четврти јануари, мораат да се приклучат кон спогодбата деветти јули и да поднесат доказ за купување.

Фото: Facebook