pexels-photo-730567

Фото: Pexels

Интернет пребарувачот Google, којшто обезбедува најголем дел од дигиталниот маркетинг на интернет, планира од јуни да забрани реклами на Биткоин и останатите криптовалути, пренесува New York Times.

Според ова Google ќе му се придружи на Facebook којшто во јануари соопшти дека ќе ги забрани сите реклами за Биткоин и другите криптовалути. Целта на интернет-гигантот е да ги спречи своите корисници од измами и лажни промоции.

Огромниот интерес околу Биткоините и другите криптовалути предизвика загриженост за измами коишто го користат онлајн-рекламирањето за пронаоѓање на потенцијални жртви привлечени од растот на цените на поголемиот дел од виртуелните валути.

Дел од тие активности предизвикаа сомнежи од регулаторите. Многу старт-ап компании издаваа сопствени криптовалути на таканаречени “првични аукции на валутата“, коишто станаа популарен начин за прибирање пари за финансирање на нови софтверски проекти. Интернет-рекламирањето беше најдобар начин за презентирање на новите валути до нови потрошувачи.

Последните месеци, американските регулаторни тела јасно ставија до знаење дека голем дел од овие аукции се најверојатно нелегални, со што паднаа цените на големиот дел од виртуелните криптовалути.