Фото: Facebook

Десетици официјални торбички со подароци од кралската свадба се најдоа на eBay пишува CNN. До вчера некои од торбичките беа продадени достигнувајќи цена од 10.600 долари, додека наддавањата за преостанатите се се уште активни и стигнаа до неверојатни 36.260 долари.

Вакви едноставни платнени торбички со подароци им се даваа на внимателно одбрани луѓе од публиката кои беа поканети пред платото на замокот во Виндзор за одблзу да ја видат кралската венчавка. Торбичките беа во кафеаво-сина комбинација и содржеа кутија со колачи, свадбената програма, голема чоколадна монета, магнет за на фрижидер, шише вода и ваучер со 20% попуст во продавницата за подароци на замокот во Виндзор.

Околу 2.600 луѓе од публиката беа поканети пред замокот за да можат одблизу да го видат пристигнувањето на кралската двојка и нивните гости. Одбраните гости од публиката беа преставници на разни хуманитарни организации, ученици од локалните школи, членови на заеницата во Виндзор, персонал од кралската палата итн.