Фото: Pixabay

Претприемачите сакаат постојано да ги држат “конците во раце“ и тешко дозволуваат некој друг да се погрижи за работата. Токму тука е грешката, а еве што најчесто ги спречува да успеат.

“Само јас знам како треба“

Дури и навистина да знаете и умеете да направите сè сами, едноставно нема да имате време и енергија. Бизнисот не е едноставна работа особено денес, кога технологијата е во огромен подем. Затоа, потребно е делегирање и поделба на обврските.

“Немам време да објаснувам и обучувам други“

И на најдобрите вработени ќе им треба ваше водство, односно ќе треба да им покажете како треба да се заврши задачата. Не одложувајте. Многу помалку време ќе ви одземе објаснувањето, отколку средувањето на хаосот што би настанал кога вработените нема да добијат конкретни насоки за работата.

“Нема да можат да ја завршат работата како што треба“

Многу млади претприемачи се плашат дека ако препуштат контрола на некој друг, сите нивни идеи ќе бидат украдени или злоупотребени. Секако, потребна е претпазливост и добра анализа пред вработување на личноста. Но, откако тоа поминало во најдобар ред и сте дале до знаење дека му верувате на тимот, време е да препуштите одредени задачи на лојалните вработени.

“Ако делегирам ќе изгубам контрола врз работата“

Не можете и не смеете да вршите микроменаџирање. Не се опседнувајте со контролата, делегирањето е начин да си олесните на себе си. Тоа не значи дека ја предавате контролата на бизнисот во туѓи раце. Вие секогаш ќе го имате последниот збор. Фокусирајте се на резултати, не на задачи.