Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје со задоволство објавуваат дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка. Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции, стои во соопштението.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен одбор и ќе продолжи да ги проширува активностите на банката во Република Албанија.

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар.

Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.