Фото: Sarcos Robotics

Guardian XO Max е индустриски егзоскелет – робот на батерии којшто на работниците им овозможува да кренат голем товар. Неговата комерцијална употреба се очекува од следната година. Зад неговиот дизајн стои американската компанија Sarcos Robotics.

Егзоскелетот може да работи до осум часа со едно полнење, а заменувањето на батеријата е многу лесно и може да се направи додека Guardian XO Max е активиран, пишува  New Atlas.

Guardian XO Max им ја “зголемува“ силата на работниците, односно товар тежок 45 килограми го чувствуваат како да тежи 2,2 килограми. Тој функционира целосно координирано со движењата на корисникот, во реално време и значително ја зголемува продуктивноста.