Ирскиот производител на пиво Guinness ќе ја елиминира пластиката од своите пакувања, пишува CNN.

Според матичната компанија на брендот, Diageo, истата ќе биде заменета со рециклиран и биоразградлив картон. Промената ги вклучува и пивата Smithwick’s и Harp.

Во Ирска одржливите пакувања ќе се појават во август, а во останатиот дел од светот по една година.

Diageo ќе инвестира 21 милион долари во проектот, а компанијата до 2025 година постави цел да користи пластика што може да се рециклира.
Фото: Pixabay