Првиот апарат за стимулирање на мускулите, а со тоа и постигнување подобри резултати, посебно кај спортистите, пристигна и во Македонија и е достапен во психијатриската ординација MindLab. Апаратот наречен Halo Sport, со невростимулација го ослободува човечкиот потенцијал и го забрзува постигнувањето на посакуваните резултати и перформанси од физичката активност. Станува збор за уред (слушалки) кој користи технологија на невростимулација за стимулирање на дел од мозокот кој е одговорен за движењето на мускулите, што доведува до забрзување на силата, моќта, експлозивноста и вештината, а со тоа и постигнување подобри резултати.

Создаден е од менаџерски тим од Медицинскиот факултет во Стенфорд, а заради добрите резултати и методот што го користи, Halo Sport веќе наголемо го практикува Олимпискиот скијачки тим на САД, американските сили за специјални операции, кошаркарите од НБА, американските бејзбол и фудбалска лига МЛБ и НФЛ и многу други професионални спортисти.

Инаку, овие методи кои што важат за  револуционерни неинвазивни и медикаментозно ослободени методи, се изведуваат за првпат во Македонија и единствено во MindLab. Тие имаат широка примена кај разни невролошки заболувања, но и кај психијатриски нарушувања од типот депресија, регенерација на нарушена моторика или функцијата на говорот по повреди на главата и мозочни удари, кај Паркинсонова болест, мигрена и болни состојби од различен потекло, а постојат индикации дека методот позитивно делува и на когнитивните способности кај здравите луѓе.

Повеќе информации за апаратот ќе добиете на веб страната на MindLab.