Фото: Facebook

Американскиот производител на мотоцикли, Harley Davidson ја купи компанијата StaCyc од Калифорнија, што се занимава со производство на детски електрични велосипеди, пишува Reuters.

StaCyc ги произведува електричните велосипеди Edrive, кои се продаваат по цена од околу 650 долари, а се наменети за мали деца и тинејџери. Имаат лесна алуминиумска рамка, се полнат од 45 до 60 минути, а со едно полнење може да се поминат меѓу 30 и 60 минути.

Harley Davidson бележи намалување на продажбата, па купувањето на ваква компанија е чекор за подобрување на финансиските резултати.