Фото: Kickstarter

High Five е кабел од два дела, којшто полни мобилни уреди и го решава проблемот со заплетканите кабли.

Уредот има два дела: кабел за полнење со конектори на двата краја (микро USB, светлосен и USB – C) и метално куќиште коешто е USB – A адаптер со излези/порти за соодветните конектори.

Кабелот тежи 15 грама, а долг е помалку од седум сантиметри. Направен е од мешавина од 12 различни метали. Кога не се користи, двата краја се спојуваат со помош на магнети и може да се постави на приврзок за клучеви.

Според производителот, Vonmählen, High Five може да полни телефони, таблети, лаптопи, камери, е-читачи и е одличен за оние што многу патуваат и со себе носат разни мобилни уреди.

Кабелот има и кампања на платформата Kickstarter, којашто трае уште десет дена, а веќе имаат собрано многу повеќе пари од побараните 17.000 долари.